![]()


Јаков Јозиновиќ со нов музички бисер – „4 Ласте“!
На музичката сцена пристигна новата песна „4 Ласте“ од младиот и талентиран Jakov Jozinović, нумера која носи силни емоции, искрена приказна и современ музички звук што лесно го освојува слушателот уште на прво слушање.
Зад текстот и музиката стојат Matija Cvek и Josip Palameta, додека аранжманот е дело на Tomislav Presečki. За врвниот звук се погрижија Зоран Швигир (микс) и Mahir Sarihodžić од Long Play Studio во Љубљана.


Видеоспотот за „4 Ласте“ е визуелна приказна која совршено ја надополнува атмосферата на песната. Режијата и монтажата се дело на Андрија Гркиќ, а снимањето е реализирано со поддршка на Vinarija Sokolov Zamak, која го отстапи својот прекрасен амбиент за снимањето на спотот.
Со својата искреност, модерна продукција и впечатлива мелодија, „4 Ласте“ има сѐ што е потребно да стане една од омилените песни кај публиката во периодот што следува.
🎧 Погледнете го новиот видеоспот и уживајте во најновото музичко остварување на Јаков Јозиновиќ!
📻 Импулс Радио – секогаш со најновите музички хитови и премиери!




