
Дино Мерлин повторно допира до срцата со новата емотивна балада „Због Тебе“!
Еден од најголемите музички уметници на Балканот, легендарниот Дино Мерлин, ја претстави својата најнова песна „Због Теве“ – моќна љубовна приказна исполнета со емоции, носталгија и искрени чувства.

„Због Тебе“ е песна која зборува за љубовта, жртвата и спомените кои остануваат засекогаш врежани во срцето. Со препознатливиот вокал и уникатната поетска длабочина, Dino Merlin уште еднаш покажува зошто со децении е еден од најценетите автори и изведувачи на овие простори.
Музиката и текстот се дело на самиот Дино Мерлин, додека за аранжманот се погрижија Adis Sirbubalo и Haris Alagić. Величествениот звук е дополнет со гудачкиот ансамбл Istanbul Strings, создавајќи вистинско музичко ремек-дело.
Видеоспотот, режиран од Arnej Misirlić, носи силна визуелна приказна која совршено ја надополнува емоцијата на песната и дополнително ја истакнува нејзината длабока порака.

Со стихови исполнети со болка, надеж и сеќавања, „Због Тебе“ несомнено ќе ги освои срцата на публиката и ќе стане една од најслушаните балади оваа година.
🎧 Слушајте ја премиерно новата песна „Због Тебе“ од Дино Мерлин на Импулс Радио 107.4 Фм Струмица и на www.ImpulsRadio.mk
Импулс Радио – Музиката што ги буди емоциите!



