![]()
Бојан Илиевски е победник на „Ѕвездите на Гранд“ 2025/2026!

Македонија повторно има причина за славење! Во спектакуларното финале на најпопуларното музичко шоу на Балканот, „Ѕвездите на Гранд“, триумфираше Бојан Илиевски од Скопје, кој со својот талент, харизма и моќни настапи ја освои поддршката од публиката и жирито.
Финалната вечер донесе огромна неизвесност и драматична завршница, а борбата за првото место беше исклучително тесна меѓу двајца македонски претставници – Бојан Илиевски од Скопје и Мирјана Митрева од Кавадарци. На крајот, победничкиот трофеј заврши во рацете на Бојан, додека Мирјана го освои високото второ место.


Во моментот на прогласувањето, македонското знаме гордо се развеа на сцената на „Ѕвездите на Гранд“, испраќајќи силна порака дека Македонија повторно има музички шампион. Емоциите, аплаузите и радоста беа доказ дека оваа победа е успех за целата наша земја.
Честитки за Бојан Илиевски за освоеното прво место и титулата победник на „Ѕвездите на Гранд“ за сезоната 2025/2026, како и за Мирјана Митрева за извонредниот успех и достојното претставување на Македонија.
Браво Бојан! Македонија се гордее со тебе!




