Македонската музичка сцена добива уште едно ново музичко освежување. Познатата наша Сограганка Сузана Гавазова, заедно со Ервин Аметовски и Јужни Ритам, деновиве премиерно ја претставија својата најнова песна и видеоспот со наслов „Завидливи“.

Станува збор за емотивна и современа музичка приказна, исполнета со силна порака за љубовта, искрената поддршка и животните предизвици со кои се соочуваат луѓето. Песната испраќа јасна порака дека вистинските чувства и љубовта се посилни од зависта и негативните коментари.
Музиката за „Завидливи“ е дело на Ервин Аметовски, текстот го потпишува Орце Зафировски, додека за аранжманот, миксот и мастерингот се погрижија Реан Незировиќ и Јужни Ритам. Вокалното снимање е реализирано во студиото „Vokal Studio Rrah Rahman“.
Видеоспотот е во продукција на NNF Studios и Extreme Media, кои преку современ визуелен пристап успеаја дополнително да ја доловат емоцијата и приказната што ја носи ова музичко остварување.
Со „Завидливи“, Сузана Гавазова, Ервин Аметовски и Јужни Ритам уште еднаш потврдуваат дека македонската музика продолжува да создава квалитетни песни кои лесно го наоѓаат патот до публиката.
Во продолжение, проследете ја најновата музичка премиера – „Завидливи“ и уживајте во оваа искрена музичка приказна.
🎶 Сузана Гавазова, Ервин Аметовски и Јужни Ритам – „Завидливи“ 🎶




