![]()



Иван Милевски со моќна преработка на легендарната „Проклети да се предавниците“ од Гоце Арнаудов
Македонската народна музика доби нов живот преку интерпретацијата на Иван Милевски, кој ја претстави својата верзија на безвременскиот хит „Проклети да се предавниците“, песна која оригинално ја прослави легендарниот Гоце Арнаудов.


Со голема почит кон оригиналот, но и со свој препознатлив музички печат, Иван Милевски успева да ја пренесе силната емоција и пораката на оваа македонска музичка класика. Музиката е дело на Гоце Арнаудов, текстот го потпишува Огнен Неделковски, додека аранжманот е изработен од самиот Иван Милевски.
Публиката од целиот Балкан добро го запозна Иван Милевски преку неговото учество во музичкото шоу Zvezde Granda, каде што во сезоната 2025/2026 стигна до осмиот круг од натпреварувањето. Иако за жал не успеа да обезбеди место во големото финале, многумина се согласуваат дека со својот талент, глас и настапи заслужуваше да биде меѓу финалистите и да ја претставува Македонија до самиот крај на натпреварот.


Видеоспотот за песната е реализиран на високо продукциско ниво под режисерската палка на Темелко Андреев, кој стои зад сценариото, монтажата и постпродукцијата. Впечатливите кадри, актерската екипа и силната приказна дополнително ја доловуваат емоцијата што ја носи оваа легендарна композиција.
🎤 Со оваа преработка, Иван Милевски уште еднаш потврдува дека е еден од најперспективните македонски фолк изведувачи од поновата генерација, продолжувајќи да ја негува и промовира македонската музичка традиција.




📻 Импулс Радио му посакува уште многу успеси на Иван Милевски и нови музички проекти кои ќе ја радуваат публиката ширум Македонија и Балканот.



