![]()

ШОК НА МАКЕДОНСКАТА ЕСТРАДА: Aleksandar Temelkov објави развод!

Естрадниот пејач Aleksandar Temelkov преку објава на својот официјален Facebook профил ја информираше јавноста дека тој и неговата сопруга донеле заедничка одлука да стават крај на својот брак.
Во своето обраќање до фановите и јавноста, Темелков истакна дека причината за разделбата се различните карактери и животни погледи, но нагласи дека и покрај разводот ќе продолжат да одржуваат коректни и пријателски односи, пред сè поради нивниот син Мите.

„Драги мои фанови и почитувана јавност, ве известувам дека јас и мојата сопруга одлучивме да се разведеме. Едноставно сме различни карактери, но ќе останеме во добри пријателски односи поради нашиот син Мите“, напиша Темелков во својата објава.
Неговата искрена порака за кратко време привлече големо внимание на социјалните мрежи, каде бројни фанови и пријатели упатија зборови на поддршка и разбирање.
Им посакуваме мирен период, меѓусебна почит и сè најдобро во иднина, а најважно од сè – нивниот син да продолжи да расте опкружен со љубов и грижа од двајцата родители.

