0Shares

Marjan Hristov Smolarski
Оваа поезија на Marjan Hristov Smolarski е глас на една генерација која заминува, оттурната од неправда, корупција и изгубени вредности. Таа ја раскажува болката на човек кој наместо да ја гради својата иднина дома, е принуден да бара спас далеку од татковината. Преку силни и искрени стихови, авторот ја разоткрива реалноста на едно општество разнишано од алчност и неправди, каде младите ја губат надежта, а вистината станува гласна и неминовна. Оваа поезија не е само уметност — таа е крик, предупредување и огледало на времето во кое живееме.
ќе се вратам дома, изнемоштен старец
наместо дома, да учам и градам
по белиот свет, јас патам и страдам
Но јас не сум овде ни најмалку крив
еве ако лажам, нека не сум жив
не избркаа, тие луѓе несовесни
што се себични, зли и лакоми
Прво го уништија здравството
потоа го попречија школството
имоти и милијарди евра награбија
закони и затвори за нив не постојат
Стрини тетки, внуци роднини
си вработија по сите институции
иако за тоа компетентни не се
со купени дипломи, директори се
Грабат, но до кога не се знае
но сигурен сум долго не ќе трае
младите веќе сите заминаа
само пензионерите останаа
Ќе нема кој да лажете
ќе нема од кој да крадете
па ќе почнете меѓусебно
да се убивате и јадете
![]()
About The Author
0Shares

