Од музичките сцени, каде што талентот се претвора во песна, до големото филмско платно, каде што храброста се претвора во незаборавни сцени – Струмичко отсекогаш знаело да создава луѓе кои оставаат трага.
На страниците на Импулс Радио 107.4 ФМ Струмица досега ви раскажувавме за музичари, пејачи и автори кои со својот талент ја збогатуваат македонската музичка сцена. И понатаму ќе продолжиме да ги објавуваме приказните за луѓето кои со својата работа, талент и посветеност го претставуваат нашиот крај и оставаат белег во различни области.

Затоа, овојпат го напуштаме музичкото студио и се упатуваме кон светот на филмот – таму каде што камерите се вклучуваат, адреналинот расте, а секоја секунда може да биде вистинска опасност.
Од едно мало струмичко село до најголемите светски филмски продукции. Од љубовта кон моторите и брзината до Холивуд, каде што неговото име стои зад сцени гледани од милиони луѓе.
Ова е приказната за Рок Цветков – каскадерот од Сушица кој ги освои Холивуд и светот. 🎬🏍️💥

Рок Цветков – каскадерот од Сушица кој ги освои Холивуд и светот
Во малото струмичко село Сушица, општина Ново Село, пред повеќе од шест децении се родил човек чие име денес го носат кредитите на некои од најголемите филмски продукции во светот.
Рок Цветков (роден на 19 јануари 1964 година во Македонија)
Е еден од најпознатите и најуспешните каскадери од овие простори – човек кој од локалните патишта и љубовта кон брзината и адреналинот изгради кариера долга повеќе од 45 години и стана синоним за професионализам, храброст и врвен филмски занает.

Од рана возраст Рок покажал љубопитство и смелост. Како дете во Загреб, каде што поминал дел од младоста, тренирал карате, поправал апарати кај финомеханичар и со заработените пари си купил мотор.
Веќе во тинејџерските години изведувал смели трикови, а на 16 години без возачка дозвола ја преминал половина Европа.

Првите сериозни каскадерски чекори ги направил уште како средношколец – на 17 години во италијански филм се превртел со автомобил и завршил во провалија. Од тогаш филмот станал негов живот.
Денес Рок Цветков има импресивна филмографија со преку 130 каскадерски кредити на IMDb. Тој настапувал како каскадер, каскадерски координатор (stunt coordinator), супервизор и повремено актер во продукции од Холивуд, Европа и регионот. Меѓу најзначајните дела се:
- Lone Wolf McQuade (1983) – каде Цветков е дел од тимот за каскади во култниот вестерн-акционен филм.
- Missing in Action 2: The Beginning (1985) – уште еден голем хит на Чак Норис каде Цветков учествува како каскадер.
- Schindler’s List (1993) на Стивен Спилберг – оскаровскиот ремек-дело
- The Patriot (2000) со Мел Гибсон
- No Man’s Land (2001) – филм кој освои Оскар
- The Sorcerer’s Apprentice (2010) со Николас Кејџ
- The Expendables 2 (2012) – двајцата беа дел и од овој голем акционен спектакл кој собра многу холивудски ѕвезди на едно место
- The Expendables 4 (2023) – каде што беше главен каскадерски координатор и ја водеше целата акциска екипа
- серии како McMafia, Jack Ryan, Rogue Heroes и многу други

Тој бил двојник на легенди како Чак Норис, Џеки Чан, Силвестер Сталоне, Долф Лундгрен, Семјуел Л. Џексон, Антонио Бандерас и многу други.
Работил со ѕвезди од светски ранг и бил одговорен за најопасните сцени – превртувања на автомобили, скокови од височини, експлозии, борби и брзини што ги држат гледачите на работ од седиштето.
Рок не е само изведувач. Тој е и продуцент, сопственик на сопствен филмски студио во Копер (Словенија) и ментор на нови генерации каскадери. Неговата ќерка Тјаша Перко (родена Цветков) е успешна каскадерка која работи во Холивуд, а синот Алекс Цветков е режисер. Цела фамилија го продолжува каскадерскиот дух. Иако денес живее и работи меѓу Словенија и меѓународните сетови, Рок Цветков никогаш не го заборави своето потекло. За Струмица и Сушица тој останува горд син на овој крај – доказ дека од малите македонски села можат да излезат луѓе кои го освојуваат светот со талент, истрајност и храброст.

Импулс Радио 107.4 ФМ Струмица со гордост го претставува својот сограганин – каскадерот од Сушица кој на големото платно го остави својот белег и продолжува да инспирира. Рок Цветков е жив пример дека адреналинот, професионализмот и љубовта кон филмот немаат граници.

Погледете ги видеата што ви ги одвоивме
Браво, Рок! Сушица и цело Струмичко се горди на тебе! 🎬🏍️💥



