Честит 24 Мај – Денот на сесловенските просветители Св. Кирил и Методиј!
0Shares
Денес со гордост го одбележуваме еден од најзначајните празници за нашата култура, писменост и духовност – Денот на светите браќа Кирил и Методиј.
Како творци на првата словенска азбука (глаголицата), нивното епохално дело не е само темел на словенската писменост, туку и траен симбол на културниот идентитет, просветителството и хуманизмот. Преку моќта на пишаниот збор, тие ни оставија наследство кое не обврзува да го чуваме, негуваме и развиваме нашиот мајчин јазик.
На овој голем ден, на сите наши слушатели и граѓани им го честитаме државниот празник. Нека ни е вечно и вековито делото на сесловенските просветители!
Прославете го празникот со убава мисла, гордост во срцето и, секако, со програмата на нашето радио.
About The Author
Прегледи на објави: 26
0Shares

