![]()

Солистички концерт на Сара Јанева во „Св. Софија“
На 4 јули 2026 година, со почеток во 19:30 часот, во црквата „Св. Софија“ во Охрид ќе се одржи солистички концерт на мецосопранот Сара Јанева под наслов КОРЕНИ.
На програмата се дела од еминентни македонски композитори: Т. Прокопиев, Т. Скаловски, Т. Зографски, Б. Цанев, А. Џамбазов и Ф. Иванов.
Заедно со Сара Јанева ќе настапат Анастасија Гичевска на пијано и Теодор Моне на хармоника.
Концертот е посветен на македонското музичко наследство во современа интерпретација, а се одржува во еден од најзначајните акустични простори во земјата.
Влезот е бесплатен.




