![]()

„Адио“ – Драгана Костова со нова емотивна музичка приказна
Младата и талентирана пејачка Драгана Костова ја претстави својата најнова песна со наслов „Адио“, проект кој носи силна емоција, современ звук и врвна музичка продукција.

Драгана потекнува од музичка фамилија од струмичкиот регион, а љубовта кон музиката ја негува уште од најрана возраст. Нејзиниот талент публиката имаше можност да го запознае преку учествата во популарните музички шоуа Ѕвездите на Гранд и Неки Нови Клинци, како и на повеќе музички аудиции каде секогаш оставаше силен впечаток со својот вокал и сценски настап.

Со новата песна „Адио“, Драгана носи искрена приказна преточена во моќна интерпретација, дополнета со модерен аранжман и впечатлив видео запис. Станува збор за проект на кој работеше професионален тим од музичари и продукциски имиња, создавајќи комплетно аудио-визуелно доживување.
Музиката, битот и аранжманот ги потпишува Lazar Cvetkoski – LCV, додека текстот е дело на Magdalena Cvetkovska – Ena. Посебна емоција во композицијата внесува и виолончелистката Sara Ilievska.

Видео записот за „Адио“ е реализиран под режија на steadyflow, со модерна визуелна естетика која совршено ја доловува атмосферата и пораката на песната.
Со овој проект, Драгана Костова уште еднаш покажува дека пред неа стои сериозна музичка иднина и дека полека, но сигурно го гради своето место на македонската музичка сцена

