![]()


Македонската песна, традиција и дух повторно ќе одекнат силно во Иловица!
На 14 мај 2026 година, со почеток од 20:00 часот на плоштадот во Иловица,
голем концерт ќе одржи Влатко Миладиновски во придружба на оркестарот на Златко Миладиновски.
Настанот е организиран од КУД „Кирил и Методиј“ – Иловица,
Ветува вечер исполнета со Македонска народна музика, емоции, ора и патриотски дух.
Публиката ќе има можност да ужива во познатите хитови и во атмосфера која ќе ја обедини цела Македонија.
„Велат нè нема… ама еве сме!“ — порака која ќе одекне силно од сцената и ќе потсети дека Македонската песна и традиција живеат и ќе продолжат да живеат.
Ги покануваме сите љубители на Македонската народна музика, и Македонската традиција да бидат дел од оваа незаборавна музичка вечер исполнета со емоции, песна и македонски дух.
Да запееме заедно, да заиграме македонско оро и да ја чуваме традицијата која со генерации живее меѓу народот
На ден 14 Мај 20026
Со Почеток во 20:00 Часот
Локација Плоштад Иловица

