![]()
Поради зголемената опасност од појава и ширење на шумски пожари, од 1 јули стапува во сила целосна забрана за движење во шумите и шумското земјиште низ Македонија.
Забраната ќе важи од 1 јули до 31 август 2026 година, а движењето во шумските подрачја ќе биде дозволено само со претходно писмено одобрение издадено од надлежните подружници на ЈП „Национални шуми“ или националните паркови, зависно од подрачјето.

Од Министерството посочуваат дека целта на оваа мерка е превенција и намалување на ризикот од шумски пожари во периодот со високи температури и зголемена опасност од палење на отворени површини.
Непочитувањето на забраната ќе се санкционира согласно Законот за шумите. Физичките лица кои ќе бидат затекнати како се движат во шума или шумско земјиште без соодветно одобрение ќе се соочат со глоба од 1.500 до 2.000 евра во денарска противвредност.
Надлежните апелираат до граѓаните да ја почитуваат мерката и да придонесат за заштита на шумите и спречување на можни пожари во летниот период
Соопштените е преземно од Официалниот Профил на Пожарникари – Струмица




