![]()

Ве известуваме дека во недела (31/5/2026) во 16:00 часот, на фудбалскиот терен во Ново Село, ќе се одигра натпреварот од последното коло на Општинската фудбалска лига помеѓу ФК Огражден – Ново Село и ФК Интер-Кукла од Куклиш.
Овој натпревар ќе биде одлучувачки за шампионската титула во сезоната 2025/26, па затоа ве покануваме да бидете дел од овој спортски настан и да им дадете поддршка на вашите омилени екипи.


Во недела – сите во Ново Село!
Да уживаме заедно во вистински фудбалски спектакл!
ФК Огражден – Ново Село


